Баерн Минхен понудил 70 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн но, истата веднаш била одбиена, велат денешните вести од Германија.
Баварците се обидуваат да пронајдат вистински центарфор а изборот паднал на играчот на „спарси“. Познато е дека Кејн има договор до летото во 2024 година и дека нема намера да го продолжи.
Тоа значи дека Тотенхем ќе мора да дејствува во текот на летово ако не сака да остане без Кејн и тоа практично без евро отштета.