Германскиот Мајнц 05 се раздели со тренерот Јан-Мориц Лихт кој остана на функцијата помалку од три месеци.
„Црвените“ од Мајнц во моментов се на претпоследното 17-то место, а синоќа управата го повикала 40-годишниот Лихт и му соопштиле дека тој повеќе не е тренер на тимот. Работата со првиот тим ќе ја превзеде привремено Јан Сиверт, кој досега ги водеше младите играчи до 19 години. Судбината на Лихт беше јасна по слабите резултати во шампионатот, а трпението на управата заврши откако беа елиминирани во Купот на Германија од второлигашот Бохум.
На последните 11 натпревари од шампионатот, Мајнц освои 6 бода, и претрпе срамни порази од другите тимови од дното на табелата како Келн, Арминија (Билефелд), реми со Херта и пораз од Вердер Бремен.

