Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, го насочил вниманието кон фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Џулијан Вајгел.
Досега се проценуваше дека приоритет за избор на Челзи ќе биде Дин Рајс од Вест Хем, но, „чеканите“ поставија висока трансферна цена која веднаш ги премисли „сините“ од Лондон. Затоа Тухел подготвил резервна верзија.
Тој се фокусираше на Вајгел. Двајцата работеа заедно во Борусија (Дортмунд) и тренерот многу добро ги знае неговите квалитети. 25-годишниот играч за врска се пресели во Бенфика минатото лето од Борусија (Дортмунд). Тој за „лисабонските орли“,одигра 39 натпревари и постигна 1 гол.

