Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, посакува да ја засили дефанзивата со ангажман на Леандро Кабрера кој настапува за тимот на Еспањол.
Весникот „Марка“ пишува дека трансферната сума на Уругваецот е скромни 15 милиони евра што не треба да биде проблем за тимот од -„Енфилд“.
Кабрера кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот беше еден од најзабележителните на теренот во дресот на шпанскиот состав, беше купен пред една година од Еспањол за сума од 9 милиони евра.