Фудбалерите Антонио Рудигер, Каи Хаверц и Тимо Вернер од Челзи и Илкан Гундоган од Манчестер Сити, од денеска ќе се приклучат на подготовките на Германија пред стартот на Европското првенство.
Тие откако ќе се вратат во Англија нема да мора да одат во карантин и веднаш ќе заминат во австрискиот зимски центар – Зифелд во кој е нивната репрезентација. Четворицата ќе му бидат на располагање на селекторот Јоаким Лев за контролата против Летонија на 7 јуни.
Играчот за врска на Баерн (Минхен), Леон Горецка, ќе се приклучи на националниот тим во вторник откако се опорави од повредата на мускулот додека Тони Крос очекува негативен тест за КОВИД-19 за да може да патува.

