Фудбалерот, Марио Гетце, ќе ја напушти Борусија (Дортмунд) на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот со клубот.
За неговиот потпис се заинтересирани неколку италијански екипи, Лацио, Милан и Рома. Барањата на 28-годишниот играч вклучуваат плата од 5 милиони евра по сезона. Гетце ако се пресели кај „лацијалите“, тогаш ќе ги следи стапките на Мирослав Клосе кој ја оживеа кариерата во Рим.
Милан е исто така заинтересиран за напаѓачот од средниот ред додека Рома внимателно ја следи ситуацијата. Играчот на „милионерите“ влегува во плановите и на францускиот состав Ница како и кај екипи од Турција и Кина.