Фудбалерот на Германија, Марио Гетце, пред пријателските мечеви со Перу (сабота) и Белгија (28 март), вели дека неговата репрезентација по серијата слаби настапи на ЕП и Мундијалот, треба да покаже квалитет.
„Панцирите“ на континеталниот собир во Русија не ги исполнија очекувањата а истото им се случи и на Светското првенство во Катар кога испаднаа по првата фаза. Германија ќе биде домаќин на Евро 2024.
„Ни претстои европско првенство и чекор по чекор одиме кон него. Така ќе се однесуваме на тешките натпревари. Мислам дека во иднина треба само да се подобруваме“ – потенцираше Гетце.