Откако синиќа беа одиграни последните натпревари во 1/8 финалето, денес беа извлечени паровите за четвртфиналето во шпанскиот Куп на Кралот.
Гигантите се избегнаа во четвртфиналната пресметка, реал Мадрид ќе го пречека Реал Сосиедад, а барселона ќе гостува на „Сан Мамеш“ во Билбао кај Атлетик. Валенсија и Виљареал ќе играат на гостински терен кај Гранада, односно Мирандес.
Парови за четвртфинале:
Реал Мадрид – Реал Сосиедад
Атлетик Билбао – Барселона
Гранада – Валенсија
Мирандес – Виљареал
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат од 4 до 6 февруари.