Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, да го посочи главниот виновник за примениот гол на вчерашното дерби против Ливерпул во Премиер лигата (1:1) одиграно на „Олд Трафорд“.
„Ван Бисака нема одиграно доволно натпревари во последниов период, ако беше во вистински ритам, сигурно ќе стигнеше да го затвори центар-шутот на Роберстон.Тоа што го направи Рохо е чудно. Тргна на играчот на Мегваер и го остави слободен неговиот дел од теренот и противничкиот играч“ – вели Гигс.
„Јанг во ниту еден случај не беше блиску за да спречи било што. Ако го гледате Рохо, ќе заклучите дека тој имаше лоша координација и тргна по топката а го остави фудбалерот што требаше да го чува“ – нагласи Гигс.