Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, во интервју за – „Скај Спортс” му даде поддршка на тренерот, Жозе Мурињо. Португалскиот тренер е подложен на сериозни критики по слабиот почеток на сезоната во која „црвените ѓаволи“ победија само во една од првите три средби во Премиер лигата.
„Манчестер Јунајтед има фантастичен менаџер. Клубот поминува низ тешки времиња, но, мора да се справи со нив. Мислам дека Мурињо е вистинската личност и треба да остане. Клубот, играчите и навивачите треба да се една целина ” – изјави Гигс.
„Манчестер Јунајтед има одличен менаџер и одлична група на играчи. Знаме дека тие многу брзо ќе ги променат работите“ – потенцираше Гигс кој целата кариера ја помина на „Олд Трафорд“.