Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, проценува дека може да поминат дури 15-20 години додека титулата од Англија да се врати на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ последен пат ја освоија Премиер лигата во 2013 година кога си замина легендарниот тренер, Алекс Фергусон.
„Јунајтед има ресурси и играчи за големи успеси, но, ги имаше и Ливерпул па минатата сезона ја освоија првата титула по 1990 година“ – изјави Велшанецот кој ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед од 1990 до 2014 година.

