Една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигис, вели дека во тимот има нова енергија и победнички дух по ангажманот на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција. Норвежанецот кој своевремено настапуваше заедно со Гигс во дресот на „црвените ѓаволи“, успеа во две врзани кола да оствари максимален фект и да го врати тимот на победничките патеки. Јунајтед вчера славаше сигурно против Хадерсвилд.
„Тоа беше прв домашен натпревар за Оле а дојде по позитивниот исхор на предходниот меч со Кардиф. Мислам дека сите со големо нетрпение го очекуваа натпреварот“ – вели Гигс.
„Погба беше одличен, Де Геа бранеше во голем стил а Рашфорд на секој натпревар е се подобар и подобар. Постои вистинска позитивност во тимот и така треба да се продолжи“ – изјави Гигс.