Легендата на Манчестре Јунајтед, Рајан Гигс, проценува дека на тренерот, Оле Гунар Солскјер му требаат уште најмалку пет-шест нови фудбалери за да биде конкурентен во трката за шампионската титула во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ имаат има освоено само девет бодови од осум мечеви што претставува најлош старт на сезоната во последните 30 години. Норвешкиот тренер е под притисок а Гигс вели дека Хери Мегваер, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс, не се доволни за да се остварат поскауваните резултати.
„Им требаат уште четири – пет фудбалери. Солскјер купи тројца, но, му требаат вкупно седум-осум. Тоа не можете да го направите во еден преоден рок и затоа треба трпение“ – вели Гигс.