Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед не сакаат да го ангажираат напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл.
Тимот од „Олд Трафорд“ се поврзуваше со евентуален трансфер на Велшанецот кој има договор со „кралевите“ до 2022 година, но, денешната информација ги негира таквите шпекулации.
Згора на тоа и тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да работи само со млади фудбалери и дека има долгорочни планови во кои не се вклопува Герет Бејл.