Македонската одбојкарска репрезентација утре го започнува својот настап на Европското првенство против Данска во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова ќе биде трет континентално натпреварување за нашите одбојкари, а желбата за победа е видлива кај сите оние кои ќе истрчаат на теренот.
Капитенот Никола Ѓорѓиев во име на сите одбојкари потенцираше дека ќе дадат се од себе за со победа да го почнат шампионатот.
„Голема благодарност до НЛБ-банка која не препозна и ќе биде со нас, ќе биде голем ветар, за остварување на нашата цел. Немаше играч кој беше надвор од терените подолго од два до три дена. Одигравме голем број на натпревари, 6 во златната лига, 10 пријателски или вкупно 16. Од оваа страна влегуваме максимално подготвени за ова Европско првенство. Групата е доста тешка, прв фаворит е Полска, па Холандија и Чешка, па Данска и Црна Гора кои се на наше ниво. Утре е голем ден, мора да влеземе малку позрело за разлика од претходните две Европски првенства каде првиот меч беше „живот или смрт“, а подоцна кога го загубивме натпреварот веќе на следниот не можевме да се препознаеме. Се надевам дека ќе бидеме доста мудри, патметни и ќе имаме трпение, заедно со цела Македонија ќе успееме да се радуваме на убава победа. Ќе дадеме се од себе, живееме за ова. Се надевам дека утре ќе успееме да ве израдуваме“, порача капитенот Никола Ѓорѓиев .