Челниците на Шкендија соочени со револтот на навивачката група „балисти“ и слабите резултати во Евро-куповите, се определија да ја прекинат соработката со тренерот, Ернест Ѓока, стои во објавата на официјалниот сајт на тетовскиот клуб.
„Шкендија ја раскина соработката со тренерот Ернест Ѓока. Постигната е взаемна согласност за раскин на договорот “ – стои во соопштението на нашиот фудбалски клуб.
Македонскиот шампион со двата пораза од Мура беше елиминиран во 1-то квалификациско коло во Лигата на шампионите а синоќа го заврши и настапот во квалификациите за место во Конференциската лига на Европа. Тетовци беа елиминирани од Рига.