Фудбалерот на Арсенал, Виктор Ѓокерес, по поразот кај Астон Вила во меч од Премиер-лигата, изјави дека лидерот на табелата мора да остане фокусиран во битката за титулата.
„Тешко е, но учите. Секогаш можете да најдете некои позитивни работи. Секако дека сме разочарани од резултатот“ – рече напаѓачот на „топчиите“.
Четата на Артета во наредното коло во елитата на Англија на 14 декември ќе му биде домаќин на Вулверхемптон.

