Еден од најпознатите фудбалски тренери од Македонија и поранешен селектор на нашата репрезентација, Ѓоко Хаџиевски и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Емирејтс, клуб од Обеденитети Арапски Емирати. 
Тој во наредниот период ќе го води клубот од ОАЕ во втората фудбалска лига на оваа земја. Заедно со Хаџиевски ќе работат и неговите помошници Коки Аврамовски и Филип Деспотовски.

Емирејтс на својот инстаграм профил денес и официјално го потврди назначувањето на Ѓоко Хаџиевски каде беа објевени и фотографии од првиот тренинг каде новиот стручен штаб имаше можност да се запознае со играчите.


