23-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи, Новак Ѓоковиќ, изјави дека се смета себеси за фаворит на Вимблдон.
„Не сакам да звучам арогантно, но секако се сметам себеси за фаворит. Судејќи според моите резултати овде во текот на мојата кариера, претходните четири Вимблдони што ги освоив и другите полуфиналиња, да, се сметам за фаворит“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот во четвртфиналето.
Србинот во четвртфиналето на Вимблдон го совлада Русинот Андреј Рубљев со резултат 4:6, 6:1, 6:4, 6:3. За пласман во финалето, 36-годишниот Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Италијанецот Јаник Синер.