Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по победата против Френсис Тиафо од САД со 2-0 по сетови 6:1 и 6:3 на вторито натпреварувачки ден на Лајвер Купот, вели дека нема намера да се повлече од терените.
„Не се чувствувам доволно возрасен за да ја завршам кариерата. Моето тело сè уште ме служи. Тоа е значајно кога ќе наполните 35+. Сакам да продолжам додека се чувствувам добро и додека можам да се натпреварувам со младите за освојување на Грен слемовите“ – изјави Ѓоковиќ за „Ројтерс„.
35-годишниот тенисер на Лејвер Купот го одигра првиот официјален меч по 76 денoви откако настапи во финалето на Вимблдон.