Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас ќе се сретнат в недела во големото финале на првиот сезонски тениски Грен Слем на терените во Мелбурн.
Српскиот тенисер денеска славеше против Томи Пол од САД со убедли 3-0 по сетови 7-5, 6-1 и 6-2 додека Гркот, Циципас беше подобар од Русинот, Карен Хачанов со 3-1 по сетови 7-6, 6-4, 6-7 и 6-3.
Ѓоковиќ кој има 21. пехар од Грен слем турнирите, по 10-ти пат ќе игра во финалето на Австралија Опен.