Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека одлуката за укинување на визата за тенисерот, Новак Ѓоковиќ, е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавна корист.
„Федералниот суд на Австралија едногласно одлучи да го одбие барањето на Новак Ѓоковиќ. Одлуката е донесена поради здравствени и безбедносни причини и нашите граници да останат силни а Австралијците да бидат безбедни“ – вели Морисон.
Доцна во ноќта Федералниот суд едногласно ја одби жалбата на Ѓоковиќ за укинувањето на визата, со што тој ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата во Мелбурн.