Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, денеска против Каспер Руд од Норвешка ќе игра за влез финалето на Мастерс турнирот во Рим.
Мечот ќе започне од 19.30 а доколку Србинот успее да победи, ќе влезе во така наречениот – „клуб 1000“. Тој има 999 победи.
На вечната листа води Џими Конорс со 1.274 победи пред Рожер Федерер со 1.251 и Иван Лендл кој има 1.068 победи.