Србинот, Новак Ѓоковиќ, е избран за најдобар во Европа за годинава која изминува во изборот што традиционално го организира Полската национална агенција (ПАП).
Тенисерот по четврти пат го доби признанието. Претходно тоа се случи во 2011, 2015 и 2018 година. Зад Ѓоковиќ заврши фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски (133) и Формула 1 шампионот, Холанѓанецот, Марк Верстапен (125 бодови).
Место во првите 10 во изборот добија и Карстен Вархолм, Сифан Хасан, Тадеј Погачар, Јанис Адетокумбо, Марсел Ламонт Џејкобс, Арманд Дуплантис и Тереза Јохауг.