Новак Ѓоковиќ доминираше во четвртфиналето на Австралија Опен и лесно во три сета го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљев со 6:1, 6:2, 6:4.
Ова беше 26-ти последователен триумф на Новак на овој турнир, тој го собори сопствениот рекорд и уште еднаш покажа зошто ова му е најуспешен Грен слем турнир.
Ѓоковиќ одигра совршен сет за почеток на мечот и та беше знак дека мечот ќе наликува на оној од осминафиналната рунда. Ривал на Србинот во полуфиналето ќе биде 25-годишниот Американец Томи Пол.