Ден по завршницата на Мастерсот во Синсинати, дојде и промената на врвот на АТП ранг листата на тенисерите кои се борат за настап на завршниот турнир од тековната сезона. И покрај тоа што не настапи во Синсинати, Шпанецот Надал остана на врвот со 6760 бода, но сега зад петици му се најдоа двајцата финалисти од Синсинати.
Второто место е за поразениот Рожер Федерер кој се искачи една позиција погоре со 4620 поени, а третопласиран е победникот на турнирот, Србинот Новак Ѓоковиќ кој направи пробив од петтото место со инкасирани 4445 бода.
Второпласираниот минатата недела, Зверев од Германија сега е четвртти, додека ТОП 5 листата ја пополнува и Хуан Мартин Дел Потро кој се спушти од 4. на 5. место.