Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра и на следните два Мастерс турнири. Тој денеска нема да стартува на Мастерсот во Индијан Велс, а потоа ќе го нема и на оној на Флорида во Мајами, два турнири на кои имаше многу успех во минатото.
Ѓоковиќ нема да може да освои голем број бодови, што ќе се одрази на неговиот скор на АТП листата, додека конкурентите од врвот имаат можност да се оддалечат од него или да му се доближат.
Најавите велат дека Новак повторно ќе почне да игра во април на Мастерсот во Монте Карло.