Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и славеше во финалето против Ник Кирјиос (4:6, 6:3, 6:4, 7:6 ) и ја освои седмата титула на Вимблдон.
Првиот носител на овој турнир го загуби првиот сет, но потоа ги доби следните три сета со што дојде до конечна победа. За него ова е 21. Грен слем трофеј во кариерата, па сега е на еден од рекордот на Рафаел Надал.
Австралискиот тенисер Ник Кирјос го играше своето прво Грен слем финале. Тоа е најголем успех во неговата кариера. Меѓутоа на првата титула ќе мора да чека нова прилика, со оглед на тоа што денес за противник го имаѓе расположениот Новак Ѓоковиќ кој не дозволи изненадување на Централниот терен во Вимблдон.

