Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Александар Зверев со 3 спрема 2 и да влезе во големото финале на Отвореното првенство на САД во тенис.
Србинот кој е лидер на АТП листата, по тешка и исцрпувачка битка која траеше повеќе од 3 часа, дојде на чекор до освојување на 21-от Грен слем во кариерата. Германецот парираше одлично во првите четири сета, но, во решавачкиот немаше сили да го запре налетот на Ѓоковиќ.
Финалниот меч на терените во Њујорк меѓу Ѓоковиќ и Данил Медведев од Русија ќе биде одигран утре од 22 часот.