Тенисерот од Русија, Данил Медведев, денеска приреди големо изненадување во четврт-финалето на Мастер турнирот во Монте Карло откако успеа да го совлада лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.
Србинот влезе во мечот како голем фаворит, но, направи многу грешки и загуби со 2:1 во сетови (3-6, 6-4, 2-6). Медведев за 39 минути победи во првиот сет додека Ѓоковиќ се врати во ритам во вториот. Во решавачкиот трет сет, Србинот направи голем број на грешки што максимално ги искористи неговиот противник кој ќе ја продолжи битката за победничкиот пехар.
Медведев е вториот тенисер кој успеал да го совлада Ѓоковиќ во четврт-финалето во Монте Карло. Тоа пред две години му појде од рака на Давид Гофин.