Иако има уште речиси три месеци до почетокот на Австралија опен, доаѓањето на Новак Ѓоковиќ на првиот Грен слем идната сезона е веќе тема во Мелбурн.
По неколку политичари и директорот на Австралиската тениска федерација Крег Тајли, се огласува со експертите од областа на имиграцијата дека Новак има добри шанси да добие влез во „земјата на кенгурите“.
Кон-минг Цаи, познат адвокат за имиграција од Мелбурн, вели дека Новак Ѓоковиќ има добри шанси да добие виза доколку аплицира за тоа. Тој вели дека би било доволно да ѝ пише на австралиската гранична служба, да ги објасни околностите под кои бара да влезе во земјата и да побара да се укине забраната за влез.
Според сегашната ситуација, на Ѓоковиќ му е забранет влез во Австралија на три години. Новак се уште официјално не кажал дека ќе аплицира за австралиска виза.