Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, синоќа го освои АТП финалниот турнир во Торино и покажа дека се уште е во фантастична форма. 21-кратниот Грен слем шампион и поранешен светски рекет број 1, ја освои својата петта АТП титула и се израмни со актуелниот светски рекет број еден Карлос Алкараз.
„Тренира уште понапорно отколку кога имаше 22 години. Затоа е сè уште толку добар. И затоа ќе биде уште подобар. Неговата желба да тренира, да додаде, да стане подобар е впечатлива. Тој се грижи за своето тело. Во мое време, тенисерот завршуваше на возраст од 30-31 година, но сега не е така“, изјави по вчерашниот триумф во Торино, неговиот тренер Горан Иванишевиќ.