Поранешниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, вели дека полека ќе ја достигне посакуваната форма. Србинот кој сега го има третото место на АТП листата, има реални шанси до крајот на годинава да се пробие и на челната позиција.
„Последните три месеци играв многу мечеви и се исцрпив. Се надевам дека паузата добро ќе ми дојде. Ако некој во месец мај ми кажеше дека ќе се борам за прво место на крајот од годината, немаше да му верувам“ -потенцирал Ѓоковиќ.
Тој во наредниот период прво ќе се насочи кон Мастерсот во Кина кој ќе стартува на 7 октомври а потоа и кон завршните турнири во Париз и во Лондон.