Србинот Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 во сетови го победи Џон Милман и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе игра против Кеј Нишикори од Јапонија, кој во второто ноќешно четврфинале беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ.
Милман направи сензација со елиминацијата на Рожер Федерер, но беше немоќен против Ѓоковиќ. Некогашниот светски рекет бр. 1 рутински со 6-3, 6-4 и 6-4 го доби мечот и избори пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Нишикори.
Јапонскиот тенисер, пак, водеше голема битка со Чилиќ и во пет сета се избори за место во големта четворка.