Новак Ѓоковиќ и Русинот, Данил Медведев, вечер ќе се сретнат во финалето на последниот сезонски Грен слем во Њујорк. Србинот пред мечот вели дека многу добро ја знае играта на противникот.
„Тој е еден од најконстантните играчи тука во последните пет години. Финале во 2019 година, полуфинале во 2020 година, па триумф во 2021 година. Очигледно нешто многу му одговара тука“ – рече Ѓоковиќ.
Машкото финале на Отвореното тениско првенство на САД е закажано за 22.00 часот.