Новак Ѓоковиќ утре во финалето на терените на САД против Медведев, ќе го брка рекордот на Маргарет Корт (Австралија) која има 24 титули од Грен слем турнирите.
„Не размислувам многу за историјата. Само се обидувам да бидам максимално фокусиран на мојата игра и тактички да се подготвам за мечот“ – вели Србинот.
„ Убаво е што секој Грен слем турнир ми дава нова можност да го израмнам рекордот. Не размислувам многу за тоа“ – потенцираше Ѓоковиќ.