Првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, најверојатно ќе се појави на Отвореното првенство на САД закажано во терминот од од 31 август до 13 септември доколку се укине 14-дневниот задолжителен карантин.
Иако претходно Србинот објави дека размислува дали да патува за Њујорк, сега шпанската – „Марка“ потенцира дека Ѓоковиќ преку платформата „Зум“, учествувал на состанокот на челниците на АТП и играчите и дека посочил дека има желба да игра во Њујорк.
АТП најави дека ќе се обиде да издејствува тенисерите по враќањето од САД во Европа да не бидат во карантин туку само да приложат негативен тест на Ковид-19.