Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, нема да може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против корона, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот.
Тој напиша дека Србинот не добил дозвола да игра на турнирите во Индијан Велс и во Мајами иако испратил барање за посебна дозвола за влез. Сега само претседателот Бајден може да издаде посебна дозвола за Ѓоковиќ да игра на двата Mастерс турнира.
САД на 11 мај ќе ги укине мерките за борба против корона- вирусот што значи дека Ѓоковиќ тогаш ќе може слободно да патува во земјата.