Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, признава дека во последниве месеци ја нема посакуваната форма.
„Ова е ново поглавје во мојот живот. Се обидувам да ги прифатам околностите. Не сум навикнат на порази (Монте Карло и Мадрид). Мислам дека тоа не ми се случило во последните 20 години. Знаев дека таков момент може да дојде“ – рече Ѓоковиќ.
„Кога се натпреварувам, сакам да го дадам својот максимум. Можеби повеќе не можам да играм постојано на исто ниво“ – рече поранешниот број еден на АТП листата.

