Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, нема да може да игра на отвореното првенство на САД откако Владата не ја повлече одлуката странските државјани што влегуваат во земјата да бидат вакцинирани против Ковид.
Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) одлучи само да ги ажурира правилата но, не и целосно да ги укине.
„Нагласуваме дека секој кој сè уште не е вакциниран може да ги исполни упатствата со примање една доза од новата бивалентна вакцина“ – рече Лорен Овиет од Центарот за контрола и превенција на болести. Доколку нешто не се промени, Ѓоковиќ втора година по ред нема да се појави на Грен Слем турнирот во Њујорк.