Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на Австралија опен повторно стана прв светски рекет. Ѓоковиќ си го врати првото место на АТП ранкингот кој го загуби минатата година, кога не му беше дозволено да настапи на голем број турнири, поради тоа што одби да се вакцинира против Ковид-19.
Скок на АТП листата имаше и финалистот на Австралија опен, Циципас, кој сега е трет, зад Карлос Алкараз го се спушти на второто место. Голем пад имаше Рафаел Надал кој рано се прости со првиот Грен Слем оваа сезона и падна на 6. место на листата.
АТП рејтинг. 30 јануари
1 (5). Новак Ѓоковиќ (Србија) – 7070.
2 (1). Карлос Алкараз (Шпанија) – 6730.
3 (4). Стефанос Циципас (Грција) – 6195.
4 (3). Каспер Руд (Норвешка) – 5765.
5 (6). Андреј Рубљев (Русија) – 4200.
6 (2). Рафаел Надал (Шпанија) – 3815.
7 (7). Феликс Ожер-Алиасим (Канада) – 3715.
8 (9). Тејлор Фриц (САД) – 3410.
9 (10). Холгер Руне (Данска) – 3046.
10 (11). Хуберт Хуркач (Полска) – 2995