Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои својот десетти трофеј на Австралија опен победувајќи го Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 во финалето во Мелбурн, со што стигна до 22. Грен слем титула во кариерата и се израмни на вечната листа со Рафаел Надал на првото место.
Исто така, Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот на АТП ранг листата. За српскиот ас ова беше негова 93-та титула севкупно. Во својата кариера освои десет трофеи на Австралија Опен, два на Ролан Гарос, седум на Вимблдони и три на УС Опен.
Циципас го загуби второто Грен слем финале, а пред две години беше поразен на Ролан Гарос исто така од Ѓоковиќ.