Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Данецот Холгер Руне со 2:1 (7:6, 6:7, 6:3) во првиот меч во Зелената група на Завршниот турнир од сезоната во Торино.
Руне и Ѓоковиќ повторно одиграа одличен натпревар. Во првиот и вториот сет одлучуваа нијанси, додека во третиот Ѓоковиќ покажа поголема физичка и психичка издржливост. Најдобриот светски тенисер ја забележа 15-та победа во низа на отворањето на Завршниот турнир.
Пред почетокот на турнирот во Торино, на Ѓоковиќ му требаше само една победа за да го обезбеди првото место на крајот од сезоната.
Мечот меѓу двајца тенисери траеше три часа и шест минути.
Со победата над Холгер Руне, Ѓоковиќ до крајот на годината ќе остане прв на АТП-листата и ќе стане првиот кој поминал повеќе од 400 недели на тоа место.