Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ (36) доживеа шокантен пораз во третото коло на Индијан Велс од 123-от светски играч, Италијанецот Лука Нарди.
Треба да се каже дека Италијанецот влезе на турнирот како „среќен губитник“ откако во квалификациите беше поразен од Белгиецот, Давид Гофин. Новак Ѓоковиќ по поразот кажа неколку зборови и ги откри главните причини за овој болен пораз.
„ Имав лош ден. Му честитам, особено на играта во третиот сет. Не знаев многу за него но, ја следев неговата игра. Знаев дека игра одличен тенис од основната линија, особено форхендот. Добро се движи на теренот и е многу талентиран – изјави Ѓоковиќ

