Новак Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување и го освои третиот сезонски Грен слем трофеј, откако во финалето на Вимблдон го победи матео Беретини од Италија со 3:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4 и 6:3).
Иако Италијанецот пружи силен отпор и одигра добар натпревар, посебно во првиот сет кој го доби со 7:6 сепак немаше сили за подвиг на оваа средба. Новак Ѓоковиќ го покажа својот врвен квалитет во моментите кога беше најпотребно и успеа да ги освои преостанатите три сета од овој меч кои му ја донесоа 20-та титула на Грен слем турнирите и со тоа се изедначи со Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на Вимблдон, после една година пауза поради Ковид-19, повторно го освои овој турнир кој го освои по шести пат, односно, ова трета победа во низа во финалињата.