Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, се доближува до рекордот на Штефи Граф, која цели 377 недели го имаше првото место на ВТА листата.
Србинот кој не можеше да ја брани титулата на првиот сезонски Грен Слем во Австралија, цели 359 недели фигурира на првото место на АТП листата.
Ѓоковиќ сега има 10.875 бодови, Медведев 9,365 додека Германецот, Александар Зверев е трет со 7.865 бодови. Во Топ 10 влегуваат и : Циципас, Надал, Беретини, Рублјев, Руд, Агер и Синер.