Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, проговори за неговите цели до крајот на годинава.
„Ќе играм во Париз и Торино но, сакам да сум успешен и на финалниот турнир од Дејвис Купот. Во Малага ќе бидеме мотивирани и верувам дека можеме до титулата“ – изјави Ѓоковиќ.
Лидерот на АТП листата има реални шанси да остане на челната позиција доколку успее да победи барем на еден од последните Мастерс турнири.
