Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ утрово потврди дека ќе учествува на Австралија опен. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од аеродром како се подготвува да замине за Австралија.
„Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и драги луѓе, се одморив од многу долга и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив дозвола и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели. Ви благодарам на сите за поддршката“.