Новак Ѓоковиќ сензациинално беше елиминиран уште на стартот на турнирот во Монте Карло, па по дуелот со Шпанецот Фокина изјави дека ќе беше поинаку доколку можеше да ја започне сезоната уште во јануари.
„Не размислувам за никакво „Што ако? Тоа е она што е. Се разбира, срамота е да се изгуби на стартот. Но, повторно, нема да застанам тука. Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во формата потребна за Ролан Гарос. Тоа е главната цел за овој дел од сезоната. Кога разговаравме со вас пред неколку дена, тогаш веќе знаев дека ќе ми треба малку време за навистина да се прилагодам на оваа подлога. Историски гледано, тоа отсекогаш било така. Никогаш не играв добро на првите земјени турнири во сезоната. Но нормално е. Се додека го имам тоа што го имам. Морам да го прифатам овој пораз и да продолжам понатаму“, изјави Новак.