Тенисерот од Србија Новак Ѓоковиќ ја освои 32-та титула од серијата „Мастерс”, откако го победи Борна Чориќ (Хрватска) со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот со награден фонд од 7 милиони долари во Шангај.
Така Ѓоковиќ триумфираше по рекорден четврти пат на овој турнирот по 2012, 2013 и 2015 година, а со вкупно 72-от трофеј во кариерата тој се доближи на само 35 поени од лидерот на светската АТП листа Рафаел Надал (Шпанија) и ги има сите шанси да ја заврши година како број 1.
Сега на Ѓоковиќ му останува да се надева на продолжување на оваа серија и добар настап на завршниот турнир со кој би ја финиширал сезоната како најдобар на АТП листата.